| четврток, 6 декември 2018 |

Запленет глисер во Охридско Езеро

gliser zaplenet ohrid

Царината заплени глисер EVINRUDE – HUSTLER 75943 со италијански регистарски таблички во Охридско Езеро затоа што бил внесен во државата без платени давачки.

Глисерот, кој бил управуван од македонски државјанин, бил запленет кај плажата Горица 3 откако при контрола било утврдено дека бил внесен во Македонија пред седум години без соодветна царинска постапка и без платени давачки.

Глисерот, чија вредност е проценета на 183 илјади денари, е привремено задржан, а против сопственикот ќе биде поднесена пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top