Аргентинскиот фудбалски стручњак исто така вели дека новиот центарфор на „Јорганџиите“, Давид Вилја, е поинтелигентен играч од колумбискиот голгетер кој го засили Монако.
„Фалкао беше нашиот најдобар играч претходните сезони и во секоја акција го „храневме“ со топки. Давид е во слична ситуација. Тој е извонреден техничар, меѓутоа подобро ја разбира играта од Фалкао“, наведува Симеоне за шпанските медиуми.
Колумбискиот фудбалски интернационалец за Атлетико Мадрид одигра 90 натпревари и постигна 70 погодоци, пред да се реши да се пресели во кнежеството за сума од 60 милиони евра.
Вилја стигна како негова замена од првакот во Ла Лига, Барселона, во чиј дрес ја освојуваше Примера и Лигата на шампионите.
Тој повторно ќе има шанси да се бори за „трофејот со уши“, бидејќи екипата од „Висенте Калдерон“ престојнава сезона ќе се натпреварува во елитниот клупски фудбалски ранг на Стариот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



