Турција го тестираше најдлабокиот тунел во светот. Тунелот кој се наоѓа во Турција, во Истанбул мора да биде подготвен за откривање на 29 октомври годинава, речиси 10 години по почетокот на изградбата. Сместен е на околу 60 метри под морското ниво на Босфор и го поврзува европскиот со азискиот дел на градот. Комплексот од надземни и подземни делови има вкупно 13.6 километри тунели, од кои 1.4 километри под теснецот. Тој е дел од мегапроектот „Мармарај“ (комбинација од турските зборови за Мраморното Море и Железница), кој чини 5 милијарди долари и предвидува реновирање и проширување на постојната железничка мрежа.
Според проектот, на новата линија, долга 76 километри, ќе има 3 нови подземни станици, ќе бидат реновирани 37 веќе постоечки станици. Изградбата на првиот од мегапроектите во Истанбул, започнат во 2004 година, е дело на јапонско-турски конзорциум и се финансира од Јапонската банка за меѓународна соработка и Европската инвестициска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


