Белорусинката се пожали на болки во половината иако кога се откажа од Вимблдон, во второто коло, страдаше од коленото и од колкот.
„Многу сум разочарана што нема да играм во Торонто затоа што го додадов во мојот распоред како еден од поважните настани“, рече Азаренка.
Карлсбад беше првиот турнир за Азаренка по Вимблдон, но очигледно ќе ѝ треба повеќе време за да биде на потребното ниво. Мала утеха е тоа што финалето против Стосур ја врати на втората позиција на ВТА-листата, а Марија Шарапова исто така нема да игра во Торонто и нема да биде во позиција да ја стигне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



