Локомотивата на брзиот воз на пругата Белград-Бар денес излетаа од шините на излезот од Ужице, но за среќа, никој од патниците не е повреден, јави „Танјуг“ повикувајќи се на „Железнице Србије“.
На брзиот воз, кој изутрината во 9.10 часот тргнал од Белград за Бар, околу 13.30 минути напуштајќи го Ужице, му се исклизна локомотивата со една осовина од шините, изјави Ненад Станисављевиќ, задолжен за односи со јавност во „Железнице Србије“.
Според првичните информации, никој од патниците во возот, кој бил полн, не е повреден.
Незгодата, според зборовите на Станисављевиќ, се случила во местото Турица, каде максималната дозволена брзина е 20 километри на час.
Со оглед дека локомотивата се исклизнала само со една осовина, се очекува со помошен воз да биде вратена на шината и да го продолжи патувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


