| четврток, 6 декември 2018 |

И „Зонимак М“ со амбиции за СЕХА лига

 

zonimakСтрумичкиот ракометен суперлигаш Зомимак М сака да се приклучи во регионалната СЕХА-лига во која играат два македонски тима, Вардар ПРО и Металург. Од клубот велат дека се чека босанскиот шампион „Борец“ да одлучи дали ќе игра во ова натпреварување. Рокот на Босанците е до недела, а доколку решат да не бидат дел од СЕХА, местото ќе го пополни подобриот од двомечот, Зомимак М – Пореч од Хрватска.

 

Тренерот Димитар Пандев, за струмички ВИС, тврди дека управата на Зомимак М прави екипа за да може да одговори на сите три фронта, националниот шампионат, Купот на ИХФ и СЕХА-лигата. Ги промовираа новите засилувања Јовица Младеновски од Тинекс, Александар Ангеловски од Пелистер и репрезентативецот Милорад Кукоски од Вардар.

 

Сезонава во СЕХА лигата повторно ќе играат екипи од Србија, Војводина и од Партизан, потоа Загреб и Нексе од Хрватска, Ловќен од Црна Гора, Мешков од Белорусија и Татран Прешов од Словачка. Борац Бања Лука е планиран, но засега е во проблеми до гуша.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top