Општина Центар и градоначалникот Жерновски по основа на комуналии за изградба на зградата на Советот за радиодифузија на 10 и 11 јуни оваа година заработиле 9,8 милиони денари. Жерновски денес, иако се противи на изградбата, овие пари не ги одбил, не ги вратил, туку напротив ги инкасирал во касата на Општина Центар и заработил. Доколку Андреј Жерновски е навистина загрижен за зеленилото, само мал дел од овие пари можел да ги употреби за садење илјадници нови зелени насади и дрвореди околу местото каде што се гради зградата на Советот за радиодифузија, реагираат од владејачката партија на денешните изјави на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Оттаму додаваат:
„Но, наместо тоа, парите добиени од градбата која денес тој ја напаѓа ги употребува за своја лична, но и партиска промоција на коалицискиот партнер СДСМ како и за десетици нови вработувања на партиски војници во Општина Центар. Тоа е нечесен и лицимерен однос. Жерновски е против зградата, но не и против парите кои по основа на комуналии ги добил од таа зграда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


