| четврток, 6 декември 2018 |

Езел заврши в затвор

Полицијата во Истанбул моментално има голема акција против трговијата со дрога, во која се уапсени неколку лица, меѓу кои и познати имиња, како актерот Кенан Имирџиоглу, познат како Езел, пренесе „кафе.ба“.

Во голема акција, која се одвива во Бодрум, Кушадаси и Анкара, полицијата, освен Езел, уапсила и други звучни имиња.

Полицијата веќе осум месеци ја подготвувала големата акција. Таа ги следела дилерите од кои познатите нарачувале дрога, а се работи за марихуана и кокаин, како и лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top