
Австралиската тенисерка Саманта Стосур е победничка на турнирот на ВТА во Карлсбад откако во финалето ја совлада Белорусинката Викторија Азаренка со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Тоа е четврта титула за Стосур во кариерата и прв трофеј по 2011 година кога беше најдобра на Отвореното првенство на САД.
Ова беше и прва победа за Саманта Стосур во деветте меча против Азаренка.
– Овој трофеј е голема мотивација за мене. Речиси цела година не бележев добри резултати и мислам дека овој триумф многу ќе ја зголеми мојата самодоверба – изјави Саманта Стосур по освоениот турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


