| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар е анемичен

Нејмар, фудбалерот кој од Сантос мина во шпанскиот шампион има проблеми со анемијата, поради што чувствува замор и не е во состојба да игра на очекуваното ниво, пишува шпанскиот дневен весник El Pais

neymar

Нејмар има ниско ниво на хемоглобин, па лекарите му препишале посебна исхрана и витамински додатоци, пишува весникот.

Клупскиот лекар на Барселона, Рикард Пруна, изјавил загриженост уште за време на задолжителните лекарски прегледи пред потпишувањето на договорот бидејќи, според него, Нејмар со неговите 64 килограми е преслаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top