| четврток, 6 декември 2018 |

18 години „Бура“ – во Хрватска славје, во Србија парастос

oluja

На денешен ден пред 18 години беше изведена хрватската воено-полициска акција „Бура“, со која 4. и 7. бригада на хрватската војска го зазедоа Книн.

Во Книн ќе се одржи централната манифестација со која Хрватска ги одбележува Денот на победата и благодарноста кон татковината и Денот на бранителите, како и 18 години од влегувањето на хрватската војска во овој град од каде што претходно беа протерани голем број Срби.

oluja_knin1_591413S1

На прославата ќе присуствува хрватскиот државен врв, а нема најави дали ќе има и претставник од српското малцинство во земјата.

За Србите, Србија и Република Српска, пак, овој ден е еден од најтажните бидејќи со акцијата од градот беа прогонети повеќе од 200 илјади Срби, а повеќе од 2 илјади биле убиени или исчезнале.

vucic-олуја

Во црквата „Свети Марко“ во Белград вчера на парастосот за жртвите од акцијата „Бура“ присуствуваше политичкиот врв на Србија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top