| четврток, 6 декември 2018 |

ЛА Галакси ги победи Јувентус 3-1, а Тевез бил изморен од тренинзи

 

Carlos-Tevez-Juventus

Карлос Тевез пред неколку месеци ја почна својата авантура како член на Јувентус, откако му пристапи на најтрофејниот италијански клуб од редовите на Манчестер сити. По дваесетина дена подготовки со новиот клуб, Тевез откри дека тренерот Конте инсистира на жесток ритам на тренинзи, нешто од што Аргентинецот се имаше одвикнато од времето минато во Англија. Искусниот голгетер смета дека формата добро се темпира за  Суперкупот на Италија, каде Јуве ќе ја брани титулата освоена на ланскиот дуел против Наполи.

„Тренираме многу интензивно и нормално е човек да се почувствува изморен. Не сум тренирал вака жестоко со години, бидејќи во Англија подготовките за новите сезони не се така напорни. Се сеќавам дека последен пат вака напорно тренирав пред десетина години, додека го носев дресот на Бока јуниорс во мојата татковина. Во секој случај, јасно е дека ваквите подготовки се предуслов за добри резултати во текот на сезоната. Наша цел е да бидеме максимално подготвени за Суперкупот, а потоа и за стартот на сезоната во Серија А“ – изјави Тевез.

Јувентус неочекувано претрпе пораз од 3-1 на пријателскиот натпревар против ЛА галакси, а Аргентинецот го пропушти овој натпревар поради ситна повреда на мускулот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top