| четврток, 6 декември 2018 |

Топлотен бран во Словенија, Австрија измери рекордни 39,9

Во најголемиот дел од Словенија денеска беше измерена температура од 38 степени, а во Австрија беа измерени рекордни 39,9 степени.

Поради големите горештини во Словенија отежнат беше и сообраќајот, а патиштата беа преполни со возила поради туристичките смени и викенд туристите кои се разладуваат на Јадранот.

Во исто време во Австрија денеска беа измерени рекордни 39,9 степени. До денес највисока температура била измерена во 1983 година од 39,7 степени.

Прогнозите се дека топлиот бран ќе се задржи и во следните неколку дена па така може да биде измерена и повисока температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top