Поради голем дефект на водоводната мрежа голем број кавадарчани денеска останаа без вода за пиење, јави МИА.
– Се работи за дефект на водоводната цефка поради кој без вода за пиење се жителите на горната зона од градот-запад, жителите на селата Шивец, Возарци и Трстеник, како и винарската визба „Тиквеш“ и комбинатот „Фени”. Наши екипи интензивно работат на отстранување на дефектот и се надеваме дека до 22 часот дефектот ќе биде саниран, информираше раководителот на работната единица „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, Марјан Прескакулев.
Во близина на сегашниот дефект пред неколку дена исто така имаше проблем во водоводната мрежа кога голем дел од кавадарчани 3 дена останаа без вода за пиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


