| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски не успеа да се пласира во финалето во Сомбор

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Сомбор, Србија

TomislavJotovski

Јотовски попладнево во полуфиналниот меч загуби од домашниот тенисер Дејан Катиќ со 2:0 (по сетови 6:3 и 6:0).

Ова е втор пораз на Јотовски во дуелите со Катиќ, и тоа повторно губи на турнирот во Сомбор, откако пред четири години Македонецот беше поразен во квалификациите (последно коло) за влез на главниот турнир. Тогаш Катиќ победи со 6:4 и 6:1.

Сепак Јотовски може да биде задоволен од својот настап, бидејќи за него ова беше прво полуфинале годинава во поединечна конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top