Германската влада ќе потпише договор за ангажирање работници од Македонија, пренесува порталот Албеу.
Сина карта за работа во Германија ќе се доделува на две групи македонски граѓани. За првата група годишната плата изнесува најмалку 46.600 евра и се однесува за лица кои високото образование го дозавршиле во Германија.
Втората група се однесува на кадри од областа на информатиката, медицината и телекомуникациската технологија. Германија сега ги отвори вратите за работници од земјите кои не се членки на ЕУ меѓу нив и Македонија од каде ќе бидат ангажирани 570 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


