| четврток, 6 декември 2018 |

Лохте ги собра сите медали во Барселона

Американскиот пливач Рајан Лохте вчера имаше успешен ден на Светското првенство во Барселона. Тој пливаше во три трки за помалку од два часа, а притоа освои две злата и постави најдобро време во дисциплина во која првпат се натпреварува на СП

Ryan-Lochte

Лохте победи на 200 метри грбно, забележа најдобро време во полуфиналето на 100 метри пеперутка, а пливаше и во штафетната трка на 4 x 200 метри слободно.
„Ова е лудо, не сакам веќе да го правам. Воопшто не размислував за трите победи, туку за секоја наредна трка се подготвував посебно. Кога дојде на ред штафетата, едноставно не можев да ги оставам момците. Тогаш пливате најдобро што можете, за да не ги изневерите своите колеги“, изјави Рајан Лохте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top