Хорот „Менада“ од Тетово во конкуренција од 89 хорови од три континенти освои второ место на натпревар во Белгија.
Женскиот младински хор од Тетово е формиран во 1981 година. На репертоарот има околу 300 композиции од ренесансата преку класика, современи композиции, македонски музички фолклор и евергрин композиции. Македонските композитори посветиле голем број на свои дела за хорот “Менада”.
Хорот има повеќе настапи со Македонската Филхармонија и има издадено повеќе аудио и ЦД записи, а добитник е на повеќе награди како: “19 Ноември”, награда на град Тетово, како и наградата “Кирил Пејчиновиќ”.
Основач на хорот е д-р Ивица Зориќ, кој за својата работа е награден со признанија и награди во Полска, Србија, Бугарија, Грција, на фестивалите во Македонија, како и највисоката државна награда “11 Октомври” во 2005 година.
На Меѓународниот фестивал на хорски мјузикли што секоја година се одржува во Солун, освен од Македонија и домаќинот Грција, учество земаа хорови од Франција, Шведска, Израел, Бугарија, Италија, Молдавија, Украина, Јордан, Србија, Хрватска, Ерменија и Турција.
Музиката е мост за спојување на Македонија и Грција, вели Илија Атанасов диригентот на хорот „Гортинија“ од Гевгелија, по учеството на 8-от Меѓународен фестивал на хорски мјузикли, што викендов се одржува во Солун. Со делови од мјузиклот „Мама миа“, македонскиот хор и се претстави на публиката.
– Имаме кратки фрагменти од мјузиклот „Мама миа“, тоа беше и нивна желба по предлог на организаторот, затоа што ние веќе имавме изведувано некои фрагменти во поранешните проекти со нашиот хор и тој се заинтересира за овој проект, така што инсистираше да го реализираме годинава во целост, да направиме една комплетна слика на дел од мјузиклот „Мама миа“ со оркестар во живо и кратка кореографија, вели диригентот на гевгелискиот хор за настапот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.