| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев опасност на патот- шест пати фатен пијан зад волан!

vlado-georgiev-e1336738478724Црногорскиот пејач Владо Георгиев би можел да заврши во затвор поради низа сообраќајни прекршоци. Според српските медиуми, пејачот до сега шест пати бил фатен пијан зад волан, но до сега не одговарал за ниту еден случај.

Георгиев на 21 март 2010 година бил фатен со 1,67 промили алкохол во крвта, а случајот не само што бил заташкан, туку тој продолжил да вози пијан.

Ако му се соберат сите прекршоци за возење под дејство на алкохол, популарната музичка ѕвезда ќе треба да одлежи 30 дена затвор, и да плати казна од 130.000 динари, а возачката дозвола да му биде одземена на повеќе од една година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top