| четврток, 6 декември 2018 |

Се слави 125 години фудбал во Англија, на премиерата победа за најстариот клуб Шефилд јунајтед

Англија слави импресивна традиција, пред 125 години формираа фудбалска лига, а денеска беше премиерата во Шефилд. На најстариот, а се уште функционален стадион во Англија, „Брамал лејн“ домашниот Шефилд јунајтед со 2-1 го победи Нотс Каунти. Натпреварот се играше во извонредна атмосфера, а двете екипи се членки на Првата лига, која е трета по ранг во Англија, зад Премиерлигата и Чемпионшип.

Англичаните бескрајно го сакаат фудбалот и одлично го испланираа стартот на новата сезона. На „Брамал лејн“ стадион што е изграден во 1855 година, а на него се игра фудбал од 1862 година, двата најстари клубови Шефилд јунајтед (формиран во 1857) и Нотс Каунти (постои од 1862) се претставија, отворајќи ја новата сезона. Со головите на Мекдоналд и на Мегваер Шефилд тргна со победа, а за Нотс Каунти не беше доволен погодокот на Шоунми за да извлече поволен резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top