| четврток, 6 декември 2018 |

Полуфинале за Јотовски во Сомбор

Томислав Јотовски ќе игра во полуфиналето на ИТФ турнирот во Сомбор од фјучрс серијата по победата од 2-1 против Матеј Шабанов од Хрватска. Со пресврт, откако го загуби првиот сет со 4-6, 22-годишниот тенисер од Скопје славеше со 6-4 и 6-2 во продолжението за најголемиот успех во кариерата и пласман во полуфиналето. Утре противник за настап во завршниот меч ќе му биде подобриот од дуелот Шахаров и Катиќ.

Јотовски со мпробивот во полуфиналето освои 6 поени и ќе има забележителен скок на светската ранг-листа, но поените ќе му бидат запишани на новата листа што ќе излезе на 12 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top