Несогласувањето на тајванските пратеници за продолжување на изградбата на нова нуклеарна електрана преминало во голема тепачка во парламентот, кој денеска требало да се изјасни за распишување на референдум. Нуклеарната енергија е спорно прашање во Тајван, по катастрофата во јапонската централа Фукушима. Повеќето граѓани сметаат дека нуклеарните централи се од висок безбедносен ризик, поради честите земјотреси во тој дел од светот. Но економските аналитичари се на ставот дека без изградбата на четвртата нуклеарка Тајван би се соочил со рестрикции во снабдувањето со струја.
Членови на опозицијата во четвртокот ја заземале парламентарната сала и се противат на распишување на референдум. Денеска дошло до физичка пресметка меѓу пратениците. Двајца пратеници се истепале на подот. Во салата биле присутни и активисти во жолти маици, кои ги прскале пратениците со вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


