Традиционално денеска во Охрид по 34-ти пат се плива на Охридското Езеро. 35 пливачи од сите градови на Македонија ќе учествуваат на Илинденскиот пливачки маратон. Пливачите поделени по две старосни категории и тоа до 16 и од 16 до 35 години ќе ја пливаат 2,5 километарската патека од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште во Охрид.
Иако манифестацијата е од отворен карактер и очекувањата на организаторите беа дека настанот ќе побуди интерес барем кај клубовите од соседството, оваа година изостанаа натпреварувачи од странство. Единствен кој има потекло од Македонија, а доаѓа од Холандија, е Димитар Камнаровски. Охрид на „малиот маратон“ ќе биде претставуван од двајца пливачи и тоа Ангела Тасеска и Јован Наумоски од клубот „Охридски бранови“.
Минатата година на Илинденскиот пливачки маратон најуспешни беа нашиот Андреј Стојаноски и русинката Александра Умурзакова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


