| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртфинале за Јотовски во Сомбор

Томислав Јотовски одигра одличен меч во Сомбор и со 2-0 во сетови го елиминира рускиот тенисер Степан Котулев за пласман во четвртфиналето. Иако е послаборангиран од противникот 22-годишниот скопјанец лесно се справи со Котулев и славеше победа од 6-4, 6-2. Со тоа освои два нови поени за подобар пласман на светската ранг-листа од сегашното 1106 место. Одлично за Јотовски е што во неговиот дел од костурот на турнирот од фјучрс серијата испаднаа и првиот и осмиот носител Бјелица и Крајчун, па отворен е патот до полуфиналето. Ако го победи следниот противник Матеј Шабанов од Хрватска, македонскиот тенисер веројатно ќе игра за финале против третиот фаворит Хлеб Сахаров од Франција.

На турнирот што се игра на земјена подлога играше и вториот македонски претставник Шендрит Деари, но поради повреда го предаде натпреварот од второто квалификациско коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top