Денес во Белград беше потпиша Договорот за стратешко партнерство од страна на српската влада и националната воздухопловна компанија на Обединетите Арапски Емирати, Етихад, со што некогашниот Југословенски аеротранспорт(ЈАТ), а потоа ЈАТ Ервејс, по 66 години престана да постои, а основана е нова компанија „Ер Србија“.
Договорот, кој се очекува Србија да ја направи регионален лидер во воздушниот сообраќај, го потпишаа српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и директорот на Етихад Џејмс Хоган. Етихад со договорот презема 49 отсто од „ЈАТ ервејс“ и управувачките права, додека државата Србија со 51 отсто ќе остане мнозински сопственик на националниот авиопревозник, на чии авиони во иднина ќе пишува „Ер Србија“, боите на српското национално знаме и заштитниот знак на компанијата „Етихад“.
– Новиот бренд „Ер Србија“ ќе биде раскинување со минатото, но не и раскинување со традицијата. „Ер Србија“ ќе биде најсигурен превозник – истакна првиот човек на Етихад Џејмс Хоган.
Тој најави воведување во флотата на 10 нови авиони Ербас А319, како и план тие наскоро да бидат заменети со уште помодерните авиони Боинг 737.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


