
На местото каде што долги години пркосеше тврдината на Баскијците ќе биде изграден станбено-деловен центар, додека новиот стадион никна на локација каде што во минатото бил градскиот саем.
За потребите на изградбата на новата арена биле потрошени 220 милиони евра, капацитетот и е 53.322 места, а првиот натпревар ќе го угости на 24 август, во втората рунда од Примера.
Тогаш Атлетик Билбао ќе го пречека таборот на Осасуна. На стариот „Сан Мамеш“ баскискиот клуб играше точно сто години.
Инаку, екипата е трета според бројот на трофеи во Шпанија, веднаш зад Реал Мадрид и Барселона, со осум освоени шампионски титули во Ла Лига и 23 пехари во националниот куп.
Сепак, поради фудбалската филозофија и менталитетот на неуморните Баскијци, Атлетик Билбао важи за еден од најголемите клубови на Пиринеите и во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


