Кенискиот адвокат и експортпарол на Министерството за правда, Дола Индидис, ги тужи Италија, Израел, царот Тибериј и кралот Ирод во Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради распнувањето на Исус и кршењето на неговите права, пренесува „Канал 5“ напис од „Ерусалим пост“.
Иако е свесен дека тие луѓе умреле пред 2.000 години, тој смета дека владите во чие име дејствувале, мора да сносат последици.
– Подигнав тужба бидејќи моја должност е да го сочувам Христовиот дигнитет и му се обратив на судот од Хаг во потрага за правда за човекот од Назарет. Произволното и злобно судење ги повредило неговите права – вели Индидис.
Тој прво се обратил до високиот суд на својата заемја, но бил одбиен, па затоа сега тужи во Хаг.
Според Mеѓународниот суд на правдата, не постои ни теоретска можност за овој случај да биде разгледан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


