| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонскиот вицепремиер се извини

taro asoЈапонскиот министер за финансии ја повлече изјавата дека Јапонија треба да го следи нацистичкиот пример и тајно да го смени Уставот.

Таро Асо, кој е и вицепремиер, предизвика гнев кај јавноста со пораката дека Јапонија треба да проучи како нацистичката партија тајно го сменила германскиот устав пред Втората светска војна, пред кој било да го забележи тоа. Неговиот коментар предизвика критики од еврејските здруженија и соседната Јужна Кореја, која наведе дека Јапонија не ја научила лекцијата од своето милитаристичко минато.

Тој преку медиумите рече дека јавноста погрешно го разбрала, дека сакал да каже дека не е од помош бучна дебата за тоа дали Јапонија би требало да го смени својот устав за на војската да ѝ даде поголеми овластувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top