| четврток, 6 декември 2018 |

Каменуван возот Скопје – Кичево

дете во возКаменуван е возот Скопје – Кичево, скршени се стакла, а повредени нема, пренесе Телеграф. Каменувањето е извршено меѓу станиците на селото Сувари и селото Радуша. Возот Скопје – Кичево беше каменуван на почетокот на минатиот месец. Според податоците на полицијата, при каменувањето, непознатите лица скршиле едно прозорско стакло од вагон, сопственост на Македонски железници. Неофицијално, станува збор за три лица. Полицијата презема мерки за наоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top