| четврток, 6 декември 2018 |

Починала од струен удар додека молзела крава

Бизарна несреќа се случила вчера во струмичко Попчево кога жена починала додека молзела  крави во шталата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 46-годишната Нада Коцева вчера го загубила животот додека работела во шталата при семејниот дом во селото Попчево.
Таа починала од струјниот удар здобиен додека работела со машина за молзење крави.
Полицијата извршила увид, а телото на покојната е предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top