| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши сагата со Бејл, Реал го купи играчот на Тотенхем за рекордни 100 милиони евра

Реал Мадрид го купи Герет Бејл од Тотенхем за 100 милиони евра, што е рекорден трансфер во историјата на фудбалот. Конечно, попушти клубот од Лондон и му ја исполни желбата на велшкиот репрезентативец да игра за Реал. Договорот треба да се потпише деновиве, остануваат ситни детали, но веќе сѐ е јасно дека 23-годишниот играч се сели во Шпанија. Се очекува Герет на почетокот од идната недела да пристигне во Мадрид на лекарски прегледи и да го потпише договорот. Во игра се и неколку варијанти за намалување на сумата што Реал треба да му ја префрли на Тотенхем. Можно е Алваро Мората да замине во Лондон, а тој е проценет на 15 милиони евра. Како и да е, вкупниот трансфер за кој се договорени Реал и Тотенхем е 100 милиони евра, што е за 6 милиони повеќе од сумата која ја плати „кралскиот клуб“ од Мадрид за ангажман на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед пред 4 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top