| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени изгубените момчиња во Охридско Езеро

охрид водостој 1

Полицијата ги пронајде живи и здрави двете момчиња, кои вчеравечер се загубија во водите на Охридско Езеро. Тие беа најдени кај манастирот „Свети Заум“ околу 5 часот утрово од полициска патрола, за „Република“потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски .

Потрагата по нив траеше осум часа.  Двајцата  млади туристи од Скопје биле сместени во автокампот „Елешец“ на околу 7 километри од центарот од Охрид заедно со десетина другари, сите на возраст од дваесетина години.

Засега сѐ уште не се познати причини поради кои тие вчеравечер со чамец се упатиле кон средишниот дел на езерото додека имало силни бранови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top