| четврток, 6 декември 2018 |

Двете загубени момчиња во Охрид се од Скопје – Север и од Кисела Вода

Двајцата млади туристи што вечерва се загубија во водите на Охридско Езеро се од скопските населби Скопје-Север и Кисела Вода.

Тие биле сместени во автокампот „Елешец“ на околу 7 километри од центарот од Охрид, заедно со десетина другари, сите на возраст од дваесетина години.

Едното момче има 20, а другото 22 години. И двајцата биле добри пливачи.

Момчињата ги нема веќе неколку часа откако со чамецот на весла влегле во езерото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top