Во тешка сообраќајна несреќа, која се случи попладнево околу 16 часот над џамијата во тетовското село Бањице, загина младо момче од Тетово, пренесува Прес24.
20-годишниот Б.И., со автомобил „опел калибра“ излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди. На самото место пристигнала Брза помош, но момчето им подлегнало на повредите.
Од МВР ја потврдуваат оваа информација и додаваат дека станува збор за 20-годишниот Б.И.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.