Во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите вечерва беа одиграни пет натпревари.
Шампионот на Словенија, Марибор, каде што игра македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, одигра 1-1 на гостувањето на Кипар против екипата на Апоел. Одличен резултат за реваншот во Марибор за седум дена. Ибраими беше стартер и остана на теренот до 71. минута кога беше заменет.
Во останати четири натпревари беа постигнати следниве резултати:
Молде-Легија 1-1, Лудогорец-Партизан 2-1, Салцбург-Фенербахче 1-1, Селтик-Елфсборг 1-0.
Реваншните дуели се играат за седум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.