| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити подобар од Милан

На пријателскиот фудбалски турнир Ауди куп кој се игра во Минхен во првото полуфинале победи екипата на Манчестер сити со 5-3.

Сите голови беа постигнати уште во првото полувреме. До 35 минута вистинска доминација на екипата од Манчестер и водство од 5-0.

Росонерите се соземаа од шокот и набрзина постигнаа 3 гола до полувремето.

Во вториот дел двата тренера направија многу замени користејќи го овој турнир за воигрување на повеќе играчи за почетокот на новата сезона.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на европскиот шампион Баерн Минхен и бразилски Сао Паоло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top