До крајот на оваа година ќе биде завршена новата истрага на меѓународниот тим за авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротимље, Мостар, во која при падот на владиниот кингер животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски и неговите соработници и членови на екипажот. Ова го потврди главниот истражител и претседател на Комисијата за воздухопловство при Министерството за сообраќај и комуникации на Босна и Херцеговина, Омер Кулиќ.
– Интензивно работиме. Планот е сите активности да ги завршиме до крајот на годинава. Ги лоциравме недостатоците кои ги направила претходната комисија и причините заради кои е отворена новата истрага. Тоа го имаме лоцирано и знаеме што е проблемот, но се уште не сме ги утврдиле причините. Тоа ќе се решава на крајот, изјави Кулиќ за агенцијата Анадолија.
На прашањето дали во извештајот на меѓународниот тим ќе постои разлика во однос на заклучокот дека се случила „пилотска грешка“ од 2004 година, Кулиќ одговара дека „некои разлики мора да постојат, во секој случај ќе постојат“.
Претседателот Трајковски, шест членови на македонската делегација кои требаше да присуствуваат на меѓународна конференција во Мостар, како и двајца членови на екипажот, загинаа кога владиниот кингер удрил во планина заради пилотска грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун