| четврток, 6 декември 2018 |

Високите температури го наполнија Охрид со туристи

plaza ohridСе покачија температурите, се зголеми бројот на туристи во Охрид.  Охридските хотелиери врлат дека хотелите се веќе резервирани до крајот на август, а и во приватното сместување се бара место повеќе. Општината го стегна обрачот на концесионерите, потсетувајќи ги на договорот дека плажите мора да бидат бесплатни.

Охригани велат сезонава започнала со значително мал број на домашни туристи, но бројот на странски туристи кои летуваат  во Охрид од мај до јули, бил поголем од лани.  Ова е уште еден доказ дека мерките за развој на туризмот вродуваат со плод. Македонците уживаат на домашните плажи и туристички центри, странците се воодушевени од Охрид, неговите природни убавини и црковните храмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top