Легендата на шпанскиот тенис Карлос Моја повторно е вклучен во тимот што му помага на Рафаел Надал што подобро да се подготви за настап на последниот гранслем во сезоната, ОП на САД во Њујорк. Турнирот на терените на Флешинг Медоуз се игра од 26 август до 9 септември, а Рафа ги дозира настапите и се префрли на летна шема на тренинзи.
Во базен е полесно, а победникот од Ролан Гарос во 1998 година, Моја, е тука да го пренесе искуството. Двајцата врвни тенисери соработуваа и порано, а играа и заедно во еден период за репрезентацијата на Шпанија во Дејвис-купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.