| четврток, 6 декември 2018 |

Капучино од 250 денари, газирана вода од 230 (ФОТО)

Сметката која предизвика негативни реакции низ „Фејсбук“ ја постави турист по неговата посета на Дубровник. Хрватскиот бисер на Јадранот е често посетуван од светски јавни личности и богаташи и е далеку познат по своите „солени“ цени.

Сепак, капучиното кое чини 250 денари (31 куна), „кока-кола“ од 270 (33 куни) и минерална вода од 230 денари (28 куни) ги изреволтира Хрватите кои годинава се жалат на многу помала туристичка посетеност. Главна причина за тоа, според нив, се превисоките цени на угостителските објекти, како и прескапото смештување, а фотографијата со сметката од 1500 денари (177 куни) само за една кафе-пауза беше само долевање масло во огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top