HTC, тајванскиот гигант во мобилна телефонија, објави дека според процените во третиот квартал ќе падне во долгови. Во второто тромесечие нето-добивка е помала за 83 проценти поради зголемување на трошоците и резервите. Нето-добивката на HTC во вториот квартал изнесува 41,6 милион долари. За споредба нето-добивката истиот период лани беше 240 милиони долари. Компанијата предвидува уште полоши резултати – нула профит и евентуален пад на добивката до осум проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


