Поренешниот раководител за туризам во Охрид, Гоце Симоновски, синоќа бил уапсен поради закани, јави „Прес 24“.
Полицијата синоќа потврди дека Симоновски бил приведен во полициска станица, но засега не е соопштена причината.
Како што пишува „Прес24“, повикувајќи се на неофицијални информации, Симоновски упатувал закани кон секретарот на Општината поради негативните оценки за работењето кои ги добивал.
Повеќе детали за приведувањето во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.