| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем го купи Кирикеш за 8 милиони евра

Англискиот Премиерлигаш Тотенхем го купи романскиот репрезентативец Влад Кирикеш за 8 милиони евра. Вечерва стоперот на Стеауа го одигра последниот натпревар за 24-кратниот првак и од Тбилиси каде го победија Динамо со 2-0, ќе замине во Лондон.

Кирикеш има 23 години и е еден од најдобрите фудбалери во Романија. Како тинејџер беше во Бенфика, но одлучи да се врати во својата земја и продолжи да игра во домашното првенство. За енго се интересираа и Милан и Рома, но Тотенхем беше најконкретен и најбрз, па Кирикеш ќе игра за тимот од Северен Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top