| четврток, 6 декември 2018 |

Се роди најголемото бебе во Германија

najgolemoto germanceСе роди најголемото бебе во Германија, тешко 6 килограми и еден грам. Малата Јаслин која се родила во болницата во Лајпциг е долга 57 сантиметри. И покрај големината сепак Јаслин е родена по природен пат.

Откако мајката била примена во болница и бил констатиран гестациски дијабет, што е најверојатниот причинител за килажата на детето.Како што пишува Daily Mail, мајката и ќерката се чувствувале добро.

Пред Јаслин, најтешкото дете некогаш родено во Германија било момчето Џихад, со 5,89 кг., родено во Берлин 2011 година. Во март годинава во Британија на свет дојде малиот Џорџ, со повеќе од седум килограми.

Во Гинисовата книга на рекорди како најголемо родено бебе е запишано момче од Канада, кое било потешко од 10 кг, но починало само по неколку часа живот во 1879 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top