| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско возило во Грција оштетено со киселина, МНР со протестна нота до јужниот сосед

vozilo grcija3Протестна нота до Грција за тортурата што ја прави врз македонските туристи испраќа македонското Министерство за надворешни работи. Во него од нашиот јужен сосед бара Грција веднаш да прекине со националистичката реторика која кулминираше минатата неделана Меџитлија и Богородица. МНР бара од грчките власти веднаш да прекинат со навредите, заканите и речникот на омраза врз Македонците кои патуваат во Грција.

Провокациите над Македонците не запираат. Златна Зора на граничниот премин на Македонците им довикува дека Македонија е грчка.

И понатаму продолжува трендот на крадење на македонски регистарски таблички од возила или оштетување на возила на македонски државјани во соседна Грција. Се уништуваат македонски автомобили. Во изминатите два дена граничната полиција евидентирала пет случаи кога била нанесена штета врз возила со македонски регистарски таблички. Две од возилата биле оштетени, а на три им биле украдени регистарски таблички.

Според македонското МВР, во местото Фурка на возило марка „шкода фабија“ сопственост на Р.Т. од Скопје  на грчки јазик била испишана паролата „Македонија е Грчка“. Во грчкото одморалиште Перфкохори, пак возило со марка „хонда акорд“ сопственост на С.Ј. од село Василев било оштетено со киселина.

Во Ханиоти украдени се двете регистарски таблички од возило марка „опел“ на Д.П. од Тетово. Кражба на регистрации е забележана и во туристичкото место Јерисос на возило марка „форд фиеста“ со скопски таблички и во Амуљани  на возило марка „БМВ“ исто така со скопски таблички.

 

 

Од вкупниот број случаи – 22 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВРсе уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.Осумнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top