СДСМ инсистира Владата да и соопшти на јавноста што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата.
– За граѓаните на Македонија не се доволни фалбите на власта дека самото потпишување на договорот чија што содржина не ја знаеме е голем успех за државата, се вели во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ, само со објавувањето на договорот „ќе се отфрлат сите сомнежи во однос на искреноста на Владата да го реализира проектот за гасификација на Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на СДСМ. Велат:
Веќе секојдневните напори на СДСМ да создаде негативна слика во јавноста за влегувањето на Македонија во проектот „Јужен тек“ стануваат јалови. СДСМ со бесмислени прес-конференции и соопштенија не може да одрече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и го донесе најголемиот енергетски и економски проект на Република Македонија во последните 23 години. Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години. Благодарејќи на договорот, граѓаните и стопанството на Република Македонија ќе добијата евтин енергенс што ќе придонесе за подобар стандард и ќе донесе раст на економската активност. Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на пратходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод. Од сосема заборавени и изоставени, благодарение на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа дополнително да ја вклучи земјава во проектот „Јужен тек“. Сега целта на СДСМ е да го скрие тој факт, обидувајќи се да фрли сенка врз очигледниот успех кој го постигна оваа Влада со потпишувањето на договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


