| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиштип доби прочистителна станица

Пуштена е новата пречистителна станица за вода за пиење во Пробиштип, дел од првата фаза од хиродсистемот „Злетовица“. Со браната Кнежево трајно се реши водоснабдувањето во овој регион од Македонија.

Градбата на Филтер-станицата вредна 1,4 милиони евра, средства кои беа неопходни за конечно да се реши деценискииот проблем со водата за пиење во Пробиштип. Премиерот Груевски рече дека е надминат тридеценискиот проблем за околу 16 илјади жители во Пробиштип и околните места, кои со ХС „Злетовица“ и новата филтер-станица ќе имаат чиста вода за пиење, а ќе биде решен и проблемот со недостиг на вода, кој е особено изразен во летните месеци од годината.

probistip– Ова лето жителите на регионот од Пробиштип за првпат после долго време, после генерации и генерации на граѓани ќе имаат нормален доток на вода, чиста и питка вода за пиење и нормални услови за живот како што секој заслужува, рече Груевски.

Станицата е изградена со пари обезбедени преку донација од словенечката Влада односно 480 илјади евра, 800 илјади евра се кредит од Jапонската агенција „Џајка“, а остатокот се сопствени средства од буџетот на Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top