| четврток, 6 декември 2018 |

Газда Паја: Одамна посакував да настапам во Македонија (ВИДЕО)

„Чке београдске“ ќе ечи на втората плажа Градиште во сабота, на „Викенд журката“ која ќе се оддржува вечерта на 3-ти август. Покрај Газда Паја, авторот на српскиот „Гангам стајл“, на петчасовната журка ќе настапат и Слаткаристика, Дј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други.

– Многу се радувам што конечно ќе дојдам и во Македонија. Одамна си посакував! Ја пратам Вашата сцена и ги слушам САФ, Слаткаристика, Пука Козметика и Тони Зен. Ми се допаѓа нивната работа и едвај чекам да настапам со Слаткаристика на 3ти Август во Охрид. Чув дека “Чке Београдске” се слуша во Македонија, а се надевам и на исто така убав прием на другите мои песни. Имам и постари проекти, а и нови хитови, па се гледаме/журкаме на 3ти Август во Охрид, на Градиште, 2ра плажа! – испрати поздрав Газда Паја преку организаторите „Иноватива“.

WEEKEND PARTY FLAER Web

Вечерта за журката на Градиште, во Охрид ќе има  и организиран превоз до плажата, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба низ продажната мрежа на Мк Тикетс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top