Со нов модерен и брз ритам, новиот сингл на младата пејачка Симона Поповска е нешто сосема поразлично од она на што досега работеше. Спремна за поинаков имиџ во нејзината музика, ексклузивката на „Горила продукција“ ја промовира нејзината прва песна на англиски јазик. „Love me“ е името на песната, која Симона ја изведува како дел од The Sound Messangers, новото моќното трио на клупската музика.
Музиката и аранжманот на „Love me“ се дело на Ерик Фокс, додека пак текстот го напиша младата пејачка Рената Кралевска. Продукцијата е на Роберт Билбилов и Снупи. The Sound Messengers заедно веќе настапуваат по клубовите низ Македонија, а одличниот фитбек од публиката само ги мотивираше да започнат да создаваат и нешто свое. „Love me“ од денес ќе започне да се врти низ македонскиот етер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)