| четврток, 6 декември 2018 |

Јавната куќа во Кавадарци од пред 80 години

Во почетокот на минатиот век побогатите кавадарчани за пари можеле легално да добијат сексуални услуги во куќата што се наоѓала до реката Луда Мара. Во текстот на Светлана Дарудова во Дневник старите кавадарчани раскажуваат за таинствената ниска куќа, со неколку скали.

– Бевме деца. Се врткавме наоколу. Од љубопитност. Се сеќавам дека во убавата градба беа сместени неколку стројни девојки. Во објектот влегуваа и излегуваа мажи што имаа потреба од сексуални услуги, но имаа и пари да ги платат тие услуги – вели 94-годишниот Димо Најдов, командир на полициски станици во пензија.

Kога ѕиркавме низ големите ѕидови со кои беше ограден дворот, се случуваше да видиме како некои од девојките им седеа во скутови на гостите. Беа со деколтеа. Прво се забавуваа со пијалак, а потоа одеа во некоја од собите – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top